„На Менде Синдикалецот од РЕК Битола воден од СДСМ, малку му се милион евра за семејната фирма, додека е вработен во РЕК Битола, па морал да ја вработи и жена си, во загубарот РЕК Битола на Васко Ковачевски“, вели на прес-конференција Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетам Менде Синдикалецот, само лани и годинава, има добиено тендери за неговата фирма вредни еден милион евра! Милион евра од РЕК Битола! Од 2017-та година оваа мала компанија, „КОМПАКТ МСФ“ ДООЕЛ Битола, редовно добива тендери од загубарот РЕК Битола, толку редовно што само лани и годинава се 20 на број! 20 тендери за година ипол!
Но, тоа е малку за синдикалците и функционерите на СДСМ во РЕК Битола, па при она цунами на партиски вработувања 2019/2020 година, меѓу заслужните роднини на функционери на СДСМ се најде и сопругата на Менде, Летка Фидановска, која е вработена во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка.
Малку е што сопругата е управител на фирмата што зела милион евра само од лани до сега, малку е што е потписник на договорите меѓу РЕК Битола и фирмата „КОМПАКТ МСФ“, морала да биде вработена како сопруга на заслужниот Синдикалец на СДСМ?“, прашува Милевски.