Нови мерки во Москва: Во кафулиња и ресторани само со потврда за вакцинација или прележана инфекција

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Поради зголемениот број на инфекции со ковид-19 во Русија, претседателот Владимир Путин воведе одредба со која им се дозволува на граѓаните на Москва да одат во кафулиња и ресторани само со ковид потврда, односно доказ дека биле вакцинирани или ја преживеале инфекцијата.

Во Москва, од понеделник, задолжително е да се претстави сертификат со шифра што докажува дека некој е вакциниран или дека прележал ковид-19 при влегување во ресторани и барови. Досега се издадени само 2,5 милиони пропусници на 12 милиони жители, пишува „Блумберг“.

Висок владин службеник рече дека ограничувањето може да важи за продавниците, местата за забава и јавниот превоз доколку инфекцијата продолжи да расте.

Русија објави рекорден број на смртни случаи од ковид-19 во последните пет дена по ред, а во последните 24 часа се пријавени повеќе од 20.000 нови инфекции.

Слични содржини