Американскиот долар денес забележа занемарливо придвижување на азискиот пазар, бидејќи минатонеделните мешовити податоци на САД од пазарот на трудот ги ублажија стравувањата на инвеститорите од забрзан крај на монетарниот стимул.
Иако најважниот показател за нови работни места во САД ги надмина предвидувањата во јуни, стапката на невработеност се зголеми, додека учеството на работната сила не се промени – што укажува на позитивен напредок и им дава простор на Федералните резерви (ФЕД) да чекаат намалување на програмите за купување обврзници или подигање на референтните каматни стапки.
Доларот го забави растот на азиската сесија, но сепак малку зајакна во однос на повеќето валути, пренесува „Ројтерс“.
Во однос на новозеландскиот долар, тој напредуваше за околу 0,2 проценти на 0,7017 „киви“ долари, во споредба со јапонскиот јен забележа раст од околу 0,1 процент на 111,13 јени и зајакна за приближно ист процент во однос на еврото, на 1,1853 долари за евро.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на корпи ривалските валути, стагнираше на ниво од 92.334 поени, на кое беше заклучен минатиот петок. Сепак, аналитичарите сметаат дека доларот има простор да зајакне малку повеќе по растот од 2,0 проценти во последните три недели, бидејќи ФЕД ги изненади инвеститорите со најавеното потенцијално зголемување на каматните стапки во 2023 година.
Британската фунта се лизна за 0,1 процент на 1,3818 долари.
Трговците оваа недела се фокусираа на записникот од состанокот на ФЕД во јуни, што треба да биде објавен во среда, како и на состанокот на австралиската централна банка, со двата настани кои имаат потенцијал да иницираат движење на валутите од опсегот со кој тргуваа неколку месеци наназад, поради неизвесностите во врска со изгледите за монетарната политика.
На крипто-пазарите, со биткоинот денес се тргува на ниво под 20-дневниот просек, по цена од 34.119 УСД, а етерот падна за 3,0 проценти на 2.252 УСД.
Њујоршката берза денеска беше затворена поради прославата на Денот на независноста на САД, пренесува „Танјуг“.