Чувствувам желба, но и должност, со „Бура“ да ги потсетам сите на настаните во историјата, српската трагедија во Краина, голготата низ која поминаа цели семејства, вели Милош Радуновиќ, режисер и сценарист на филмот и серија „Бура“ чие снимање започнува утре во селото Памбуковица кај Ваљево.
Ова е првпат српската кинематографија за тема да ги има страдањата на Србите во погромот од 1995 година, што се смета кај нашиот северен сосед како едно од најголемите злосторства против нивниот народ од Втората светска војна.
Проектот ќе се состои од игран филм и 12 епизоди од серија. Премиерата на филмот е планирана за декември, а серијата ќе започне да се прикажува во март следната година.
Филмот „Бура“, кој ќе започне да се снима на 6 јули, е моќна и потресна приказна за голготата низ која минаа стотици илјади луѓе во колони бегалци, спасувајќи си го животот, пишува „Спутник“.