Меркел: Германија ќе му даде три милиони вакцини на Западен Балкан

од Берта Китинска
180 прегледи

Германија ќе им даде три милиони дози вакцини против ковид-19 на земјите од Западен Балкан, кажа германската канцеларка Ангела Меркел.

– И (ќе) го сториме тоа што е можно побрзо – додаде таа на прес-конференцијата по „Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан 2021“, на кој таа беше домаќин, објави Ројтерс.

„Убедена сум дека иднината на Западен Балкан лежи во вистинска обединета Европа“, рече неодамна таа.

Во видео порака во неделата, Меркел рече дека е среќна, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, што ќе и овозможи да продолжи да работи со шефовите на држави и влади на Западен Балкан, што беше лансиран во 2014 година, како дел од Берлински процес по иницијатива на Германија.

Слични содржини