Николовски: Ќе дадеме поддршка на резолуцијата, никој не преговарал за јазикот и идентитетот

од Берта Китинска
122 прегледи

Вицепремиерот за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска во Берово изјави дека ќе дадат поддршка на секоја резолуција или декларација со која се штити македонскиот јазик и идентитет.

–  Станува  јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и сето она што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање било каква резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во Парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот овој период, изјави Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Слични содржини