Естонскиот конзул Март Лате е уапсен во Санкт Петербург за шпионажа, објави Федералната служба за безбедност на Русија.
„ФСБ Русија во Санкт Петербург уапси естонски дипломат – генерален конзул на естонскиот генерален конзулат во Санкт Петербург со доверливи документи што му ги предал руски државјанин“, се вели во соопштението.
Како што се наведува, против дипломатот ќе бидат преземени мерки во согласност со нормите на меѓународното право.
„Оваа активност не е во согласност со статусот на дипломатски работник и има очигледно непријателски карактер кон Русија“, се нагласува во соопштението.
Другите информации не се познати.
Ова е нов во низата шпионски скандали меѓу Москва и Западот во последните неколку години, кои ја придружуваат ескалацијата на тензиите по руската анексија на Крим во 2014 година.
Во април, украинскиот конзул во Санкт Петербург, Александар Сосониук беше уапсен затоа што се обиде да добие тајни информации и беше замолен да ја напушти руската територија. Русија е обвинета за повеќе шпионски скандали во неколку европски земји, што доведе до меѓусебно протерување на дипломатите.