Ажурирајте ги вашите компјутери ВЕДНАШ, порача „Мајкрософт“ – откриена е голема ранливост во „Виндоус“

од Vladimir Zorba
356 прегледи

„Мајкрософт“ најави итно ажурирање на „Виндоус 10“ откако открил сериозна ранливост во оперативниот систем.

Ранливоста „PrintNightmare“, исто така идентификувана како CVE-2021-34527, влијае на сите верзии на „Виндоус“ и е насочен кон услугата „Windows Print Spooler“, процес што управува со пристап на повеќе корисници до печатачите. Откриено е откако истражувачите на компанијата за сајбер безбедност „Сангфор“ случајно објавиле упатства за искористување на недостатокот.

Истражувачите во мај објавија дека нашле ранливост, но случајно го направија доказот за концептот достапен на Интернет. Иако беше брзо избришан, тој беше споделен на друго место, вклучувајќи го и „ГитХаб“ во сопственост на „Мајкрософт“.

Хакерите може да ја искористат „дупката“ за да инсталираат програми, да прегледуваат и бришат податоци и да создаваат нови кориснички сметки со пристап до администраторот. „Мајкрософт“ мораше да објави закрпи за „Виндоус Сервер“, „Виндоус 10“, „Виндоус 8.1“, па дури и „Виндоус 7“.

„Препорачуваме да ги ажурирате вашите уреди што е можно поскоро. Ажурирањето е достапно на сите канали за објавување, вклучувајќи ги Windows Update, Microsoft Update Catalogue и Windows Server Update Services (WSUS)”, напиша „Мајкрософт“ во објавата за овој проблем.

„Мајкрософт“ сè уште нема пуштено „пач“ за Виндоус 11.

Слични содржини