Тајван: Апсења поради обидот за упад во амбасадата на Хаити

од Nikola Popovski
305 прегледи

Министерството за надворешни работи на Тајван денес соопшти дека полицијата на Хаити уапсила 11 вооружени лица осомничени дека се обиделе да упаднат во амбасадата на Тајван во Порт-о-Пренс.

Сепак, не беа дадени детали за идентитетот на осомничените, ниту причината за упадот, пренесува агенцијата АП.

„Што се однесува до тоа дали осомничените учествувале во атентатот врз претседателот на Хаити, тоа ќе мора да го испита полицијата на Хаити“, изјави за АП портпаролката на тајванското Министерство за надворешни работи Жоан В.

Обезбедувањето на амбасадата ја предупредило хаитската полиција во време кога тајванските дипломати работеле од дома.

Исто така беше објавено дека се скршени некои врати и прозорци во амбасадата, но дека нема други штети.

Досега се уапсени 17 осомничени за атентатот врз претседателот на Хаити, Жовенел Моиз.

Хаитските власти соопштија дека двајцата уапсени имаат двојно американско-хаитско државјанство, додека колумбиската влада изјави дека најмалку шест од уапсените се поранешни припадници на колумбиската армија.

 

Слични содржини