Беливук и неговиот клан се осомничени за уште две убиства

од Nikola Popovski
218 прегледи

Вељко Беливук, ака Веља Неволја и членовите на неговата криминална група, покрај убиствата на Здравко Радојевиќ, Милан Љепоја и Горан Величковиќ, се осомничени и за ликвидациите на Лазар Вукичевиќ и Александар Глигоријевиќ Пуки. Одлуката за проширување на истрагата на Обвинителството за организиран криминал ги наведува деталите за бруталните убиства и го опишува начинот на кој жртвите биле примамени и однесени во куќата на улицата „Ливадице“ број три во белградското предградие Ритопек.

Според документот на обвинителството, и Вукичевиќ и Глигоријевиќ биле ликвидирани затоа што припаѓале на ривалски клан и затоа што неговите членови ги следеле Беливук и Миљковиќ, а потоа го планирале нивното убиство, пишува српска „Политика“.

„На 14 октомври 2020 година, осомничените преку измама, во договор со Беливук и Миљковиќ, го намамиле Вукичевиќ да дојде на состанок со Немања Ѓуриќ во улицата „Радничка“ во Белград, кој потоа го однел во куќата во Ритопек, која на располагање на членови на групата Беливук им ја оставил Влада Драганиќ“, се наведува во документот на обвинителството.

Пред Ѓуриќ да го одведе Вукичевиќ до куќата во предградието, обвинетите Срѓан Лалиќ, Марко и Милош Будимир, Влада Драганиќ, Дејан Тешиќ и неколку непознати лица дошле да се подготват за ликвидацијата. Откако го убиле Вукичевиќ, тврди обвинителството, осомничените се обиделе да ги уништат трагите на злосторството бришејќи ја просторијата со хемиски средства.

Според обвинителството, Александар Глигоријевиќ-Пуки бил убиен на 16 јуни минатата година од скоро исти причини и според истото сценарио. Како што наведуваат од таму, Беливук и Миљковиќ откриле дека Глигоријевиќ ѝ давал информации на ривалска навивачка група каде се движат и дека планираат да ги убијат, пукајќи од „снајпер“.

Слични содржини