Во железничка несреќа кај Криволак повредени мигранти, еден од нив починал на пат кон болница

од Vladimir Zorba
272 прегледи

На 11.07.2021 во 00,40 часот било пријавено дека на пругата Гевгелија-Скопје во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа во која учествувал товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница.

Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци.

Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници од РЦ ГР Југ за понатамошна постапка. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Слични содржини