ОРБАН ИМА ВАЖНА ПОРАКА: Трета доза на вакцината од 1 август во Унгарија

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Унгарија ќе им понуди на граѓаните трета доза на вакцината од 1 јануари и ќе ја направи вакцинацијата задолжителна за здравствените работници, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за државното радио.

Орбан откри дека лекарите ќе одлучат која трета доза ќе ја земаат граѓаните и дека треба да поминат најмалку четири месеци од втората доза, освен ако лекарите не советуваат поинаку, објави Ројтерс.

Унгарија, земја со 10 милиони жители, беше меѓу земјите во Европа кои најбрзо го вакцинираа населението, но и единствената членка на ЕУ која широко ги користеше руските и кинеските вакцини, иако Европската агенција за лекови не одобри употреба на „источни“ вакцини.

Унгарија користеше и вакцини направени на Запад – Фајзер, Модерна и АстраЗенека.

До четвртокот, Унгарија вакцинираше повеќе од 5,55 милиони луѓе, додека бројот на пациенти од почетокот на пандемијата беше 808.661, додека починаа 30.013 лица.

Слични содржини