293
Ајфеловата кула ќе биде отворена за посетители на 16 јули во Париз, првпат по девет месеци, што беше најдолго нејзиното затворање од Втората светска војна.
Лифтовите на Кулата повторно ќе работат и ќе ги носат посетителите на висина од 300 метри, со што ќе заврши периодот на заклучување поради пандемијата ковид 19.
Дневниот капацитет ќе биде ограничен на 13.000 посетители, што е приближно половина од нормалното ниво, со цел да се почитува физичката оддалеченост, објави АФП.
Од 21 јули, посетителите ќе треба да покажат доказ дека биле вакцинирани или биле тестирани негативно на коронавирус, што е во согласност со прописите што неодамна ги донесе француската влада.