Кина: Корона- вакцините да бидат достапни за земјите во развој

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика вакцините против коронавирус да бидат достапни за земјите во развој, бидејќи тие се „моќно оружје“ против пандемијата, според Кинеската медиумска група (ЦМГ).

„Кина повикува на поблиска меѓународна соработка за вакцините за да се осигури дека тие се достапни за земјите во развој и да станат глобално јавно добро“, рече Си на видео состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Според него, Кина обезбедила повеќе од 500 милиони дози вакцини на земјите во развој, како и милијарди долари помош.

АПЕК постои од 1989 година, а неговата цел е да ја олесни економската соработка меѓу земјите-членки, кои се 21 на број.