169
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментираше за платите и пензиите во Србија, но и за инвестициите што се прават во земјата.
„Знам дека платите и пензиите не се високи, но тие се највисоки во српската историја“, рече Вучиќ.
Што се однесува до инфраструктурата, Вучиќ истакна дека во последните неколку години се изградени и реконструирани повеќе патишта и пруги отколку во последните 50 години.
Тој исто така потсети дека „се градат повеќе болници и клинички центри од кога било“.