Силен дожд во Загреб, поплавени улици, паднати дрвја

од Берта Китинска
309 прегледи

Попладнево врнеше силен дожд во Загреб, а Службата за цивилна заштита објави дека обилниот дожд предизвикал проблеми во источниот дел на градот, пишува 24сата.хр.

Поплавени се улици и подрумски простории, а неколку дрвја паднаа врз паркирани возила и објекти, јавија загрепски медиуми.

Околу 50 граѓани побараа интервенција на пожарникари и комуналните служби.

Според Метеоаларм, дожд до 50 мм ќе падне во областа Загреб, повеќе од 75 мм во областа Карловац и 40 до 70 на истокот од земјата. Во Горски Котар, до 90 мм дожд може да падне во некои места.

Слични содржини