335
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо (84), денес за првпат им се обрати на верниците на плоштадот Св. Петар во Ватикан откако ја напушти болницата и ги советуваше повеќе да се одмораат и да го избегнуваат стресот што го носи современиот живот, пренесува (AA).
– Да престанеме со лудиот налет наметнат од дневниот ритам. Ајде да научиме како да направиме пауза и да ги исклучиме мобилните телефони – рече папата Фрањо во обраќањето пред верниците за време на неделната миса.
Папата беше опериран на 4 јули, при што му беше извадена половина од дебелото црево, што беше прва сериозна операција откако стана поглавар на Католичката црква во 2013 година.