Водата носи се пред себе: Се срушија две брани во Кина (ВИДЕО)

од Берта Китинска
199 прегледи

Две брани во Внатрешна Монголија во северозападна Кина попуштија по обилните дождови, соопшти денеска кинеското Министерство за вода и предупреди на безбедносните ризици од старата инфраструктура за време на летната сезона на поплавите.

Луѓето што живеат од браната се евакуирани и сè уште нема информации за жртвите.

Според официјалните информации, изминатиот викенд паднале во просек 87 милиметри дожд, а метеоролошката станица Морин Дава измерила дури 223 милиметри врнежи од дожд.

Според локалните власти на градот Хулунбуир, на околу 16.660 лица им се заканува поплава, околу 53.807 хектари земјоделско земјиште се поплавени, а уништени се мостови и друга сообраќајна инфраструктура.

Кина има повеќе од 98.000 дренажни резервоари што се користат за контрола на поплави, производство на енергија и како транспортна рута, но повеќе од 80 проценти од овие структури се стари 40 години и повеќе, па затоа се сметаат за безбедносен ризик, рече кинеската влада во изјава.

Екстремните временски услови погодија различни делови на светот во последните неколку недели.

Поплавите во Европа и топлотните бранови, придружени со шумски пожари во Северна Америка, ја зголемуваат загриженоста за влијанието на климатските промени врз времето.