САД му се заблагодаруваат на Кралството Мароко за соработката во преземањето на Абдул Латиф Насер, од воениот затвор во заливот Гвантанамо. Абдул Насир е првиот уапсен кој е вратен во неговата матична земја, за време на администрацијата на Бајден, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Насер никогаш не бил обвинет.
Администрацијата на САД се надева дека голем број затвореници осомничени за тероризам ќе можат да бидат префрлени во други земји и да го убедат Конгресот да одобри пренесување на преостанатите, вклучително и осомничените за терористичките напади во 2001 година, во затворите во САД.
Претседателот Бајден се надева дека затворот во Гвантанамо може да се затвори до крајот на неговиот прв мандат во 2024 година.
Затворот во Гвантанамо беше отворен во 2002 година и таму беа приведени скоро 800 лица, вклучувајќи ги и оние осомничени за организирање на нападите на 11 септември 2001 година и борци од Авганистан.
Проблем за затворениците од дестабилизирачките земји
Во својата кампања, претседателот Обама вети дека ќе го затвори Гвантанамо во првата година од неговото претседателствување и два дена по инаугурацијата, тој потпиша извршна наредба за затворање на Гвантанамо до крајот на годината. Сепак, Конгресот одби да одобри трансфер на затвореници во рамките на САД. Обама, сепак, успеа да го намали бројот на приведени од 245 на 41, префрлајќи многумина во други земји.
Доналд Трамп го направи токму спротивното. Тој потпиша извршна наредба да го задржи Гвантанамо отворен и само еден затвореник беше префрлен во друга земја за четири години на Трамп во Белата куќа.
САД мораат да преговараат за трансфер со други земји, што може да биде проблем за затворениците од дестабилизирачките земји, како што е Јемен.
Потсетуваме дека претседателот Бајден нареди повлекување на американските трупи од Авганистан до 11 септември оваа година.
Војната во Авганистан е најдолга во американската историја и од 2001 година во неа се убиени 2.300 американски војници. САД го нападнаа Авганистан во 2001 година со цел да ги уништат талибанците, кои му обезбедија засолниште на Осама бин Ладен.