Европската унија губи многу ако не им даде кредибилна перспектива на земјите од Западен Балкан, вели министерката за европски прашања на Австрија, Каролин Едштадлер.
Во интервју за агенцијата АПА, Едштадлер изјави дека важно е Словенија, за време на претседателството со ЕУ, да организира самит за Западен Балкан.
„Како ЕУ, можеме да изгубиме многу ако не им отвориме кредибилна перспектива на тие земји. Во спротивно, геополитичките влијанија од Кина и Русија ќе станат посилни“, објасни таа.
Едштадлер проценува дека веќе е изгубено многу време и влијание.
На прашањето како Бугарија може да се убеди да се откаже од блокадата на разговорите за пристап на Северна Македонија, таа рече дека ја смета за позитивна неодамнешната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Софија.
„Во рамките на ЕУ, се зголемува притисокот врз Бугарија дека билатералните прашања мора да се решат билатерално“; објави Едштадлер.