Почна судењето за „Јавна соба“

од Берта Китинска
706 прегледи

Обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба“ која е истоимена група која била отворена и користена од повеќе членови преку социјалната мрежа Телеграф, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.

-Материјалните докази кои Обвинителството ги прибра ќе докажат дека обвинетите во критичниот период биле корисници на електронски уреди преку кои може да се врши комуникациија на социјалните мрежи, дека во наведениот период ја имале инсталирано наведената апликација на уредите и дека на истата активно учествувале во својства како што се наведени во обвиниението. Обвинителството ќе докаже дека во тој период на наведената сицијална мрежа од страна на нејзин член во групата бил споделен материјал кој содржи очигледен полов акт со дете, посочи обвинителот Владимир Милошевски на првото рочиште за предметот „Јавна соба“ во кој се обвинети Д.К. 32 години и М.П. 22 години.

Додаде дека ќе докаже дека апликацијата која ја имале двајцата обвинети во своите содржини давале напатствија како и под кој услови може да се користи но и рестрикциите кои апликацијата ги наведува.

-Обвинителството ќе докаже дека умислено и свесно инсталирале апликација, делувале као администор и креаторт на апликацијата на која формирале група „Јавна соба“ и ќе докаже дека во групата е споделен аудиовизуелен материјал со полови дејствија на деца. Ќе докажеме дека директно е загрозен половиот морал и дека е загрозена детската слобода и заштита на физичкиот и менталниот идентитет и дигнитет на детето, потенцира обвинителот.

 

Слични содржини