ГЛОБАЛЕН ПАД НА ИНТЕРНЕТОТ: Недостапни страниците на PlayStation, Airbnb, UPS

од Nikola Popovski
428 прегледи

Многу популарни веб-страници денес беа недостапни поради глобалниот пад на интернет-услугите, објави Би-Би-Си.

Корисниците кои се обидоа да пристапат до некои од страниците добија порака за грешка DNS, што значи дека не можеа да стигнат до страниците.

Погодените страници вклучуваат PlayStation, Airbnb, UPS, HSBC bank и British Airways.

Популарниот давател на ДНС услуги, Акамаи, во меѓувреме, објави дека проблемот е решен и дека услугата сега повторно функционира нормално.

Даун Детектор, платформа за следење на падови на Интернетот, објави илјадници кориснички проблеми на десетици платформи. Меѓу погодените страници се наоѓаат страниците на банките Берклис, Лојд, ТСБ и Халифакс, страници за игри како што се Steam, Col of Duty.

Ова е втора ваков масовен нпад на системот во последните два месеци.

Во јуни, голем број важни страници, вклучително и бројни меѓународни весници и владини страници, паднаа поради дел од сервисот Фастли.

Во тој случај, подоцна се покажа дека промената на поставките на еден клиент несвесно ја наруши целата инфраструктура.

Слични содржини