Водовод и канализација: Непотребно да не се троши водата за полевање бавчи и ниви

од Nikola Popovski
275 прегледи

Од претпријатието Водовод и канализација денес апелираа до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.

Од таму нагласуваат особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.

„Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени, како и податоците на ЈП Водовод и канализација за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови“, се наведува во соопштението на скопското јавно претпријатие.

Слични содржини