Папата Франциск рече дека гладот е кршење на човековите права. Тој ги даде забелешките за време на говорот пред учесниците на подготвителниот самит на високо ниво што беше отворен денес во седиштето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
„Ние произведуваме доволно храна за да ги нахраниме сите, но многумина сè уште немаат ни парче леб. Ова е вистинска срамота, злосторство што ги крши основните човекови права. Должност на секој од нас е да ја отстраниме оваа неправда преку конкретно дејствување, спроведувајќи соодветни политики на меѓународно и национално ниво“, се вели во пораката.
Поглаварот на Католичката црква истакна дека „за да се обезбедат основните човекови права, мора да се постигне целта за „нула глад“.
„Не е потребно само да се произведува доволно храна. Потребен ни е нов начин на размислување и пристап кон програмирање и организација на производствените системи“, се вели во пораката.