Samsung потврди: И оваа година нема да видиме Galaxy Note

од Vladimir Zorba

Samsung неодамна потврди дека ќе одржи Unpacked настан на 11 август, за време на кој најверојатно ќе видиме најава за нови телефони со флексибилен екран. За оние кои се надеваат да го видат новиот телефон Galaxy Note, ова нема да се случи бидејќи Samsung уште еднаш потврди дека нема да има нов модел на Note оваа година.

ТМ Рох, претседател и раководител на мобилни комуникации во Самсунг електроникс, рече: „Пред нас се нови граници и нов свет на возбудливи искуства за уште повеќе корисници. Се надевам дека ќе ни се придружите на презентацијата на следниот Galaxy Z семејство и додека објавуваме интересни изненадувања што можат да се склопат – вклучувајќи го и првиот S Pen, дизајниран за флексибилни телефони. Наместо да го претставиме новиот Galaxy Note овој пат, ние дополнително ќе ги прошириме нашите омилени функции на Note на повеќе уреди на Samsung Galaxy“.

Треба да се напомене дека пред ова, Samsung истакна дека оваа година ќе ја прескокне серијата Note поради недостаток на чипови. На ова му претходеа гласини дека Samsung може да ја затвори линијата Note, што дополнително беше поттикнато од фактот дека јужнокорејската компанија конечно овозможи поддршка за S Pen за својата серија Galaxy S. Ова порано беше ексклузивно за серијата уреди Note, кога станува збор за телефонските линии на Samsung.

Слични содржини