327
Полицијата уапси маж поврзан со убиството на Рајли Гудрич (18) и ранувањето на инфлуенсерот од социјалната мрежа Тикток Ентони Барахас (19).
Тие биле застрелани додека гледале филм во кино.
Властите велат дека се уште не го знаат мотивот за насилството и дека пукањето во понеделникот делувало како „неиспровоциран напад“.
Чистачите ги пронашле тинејџерите во киното после 21.35 часот во трговскиот центар југоисточно од Лос Анџелес.
Гудриќ беше убиена, а Барахас се уште е на апарати за одржување во живот.
Барахас има близу милион следбеници на Тикток.
Осомничениот Џозеф Хименез (20) беше уапсен доцна синоќа под сомнение за убиство, обид за убиство и грабеж.
Нему му е одредена кауција од два милиони долари.