31-годишен гостиварец силувал малолетничка

од Nikola Popovski
173 прегледи

Притвор за 31-годишен гостиварец, осомничен дека извршил силување на малолетничка.

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице на возраст од 31 година, жител на Гостивар, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот на 27 јули 2021 година со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото, извршил обљуба врз оштетена на возраст од 17 години, информира ЈО.

Поради стореното кривично дело, а во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

-Предлогот беше прифатен од судијата на претходна постапка кој со решение на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена, известуваат од ЈО.

Слични содржини