247
„ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата, со која се оцртуваат националните и државните позиции, во однос на македонскиот јазик и историја“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.
Тој изрази задоволство што Собрание ја задржа содржината на текстот.
„ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа дека има здрав и разумен концепт. Текстот на резолуцијата е базиран на научни темели и аргументи. Успеавме и ќе останеме посветени на евро-интеграциите на Македонија и заштита на националните интереси“, рече Мицкоски.
Денес во Собранието на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, со 95 гласови „за“ и еден воздржан, беше усвоена декларацијата за македонските црвени линии кон Бугарија.