308
Тетовчанка со помош на својот помал брат украла 400.000 франци од сопругот, по што со парите заминала во Швајцарија, објави СВР Тетово.
Како што е соопштено, 65-годишната А.Х. од тетовското село Мала Речица е осомничена, помогната својот брат од БиХ (56) да украде 400.000 швајцарски франци од нејзиниот 80-годишен сопруг и да избега во БиХ.
Откако кражбата била пријавена во полиција, тетовчанката отишла во БиХ и од братот ја зела целата сума, по што заминала во Швајцарија.
Полицијата во Тетово против А.Х. и нејзиниот брат поднеле кривична пријава до обвинителството под сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“.