Кривична за четворица Британци кои извршиле компјутерска измама

од Nikola Popovski
347 прегледи

МВР поднесе една кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, кои извршиле кривично дело компјутерска измама.

Според полицијата, осомничените неколку пати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу фирма од Радовиш и фирма од Лондон и со менување и прекривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата.

Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил четири уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.

Осомничените ја оштетиле фирмата за 15.006.000 денари.

Слични содржини