Две жртви на напад на танкер на израелски милијардер, убиени Романец и Британец

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Две лица загинаа крај брегот на Оман во напад на нафтен танкер управуван од израелската компанија „Зодијак Маритим“, објави денеска компанијата.

Се наведува и дека постои сомневање дека се работи за пиратски напад, пренесе Ројтерс, но таа информација не е потврдена од официјалните поморски институции.

АП додава дека членовите на екипажот од Велика Британија и Романија се убиени, а компанијата додава дека нема податоци дека има повредени.

Нападот се случи на 300 километри од главниот град на Оман, Мускат.

Бродот што вчера беше нападнат под името „Мерсер Стрит“ пловеше под знамето на Либерија, објави компанијата „Зодијак“, а АП додава дека е во сопственост на израелскиот милијардер Ејал Офер.

Британската управа за поморски трговски операции утрово објави дека танкерот навистина бил нападнат во близина на брегот на Оман во Арапското Море.

Во соопштението накратко се наведува дека истрагата е во тек, но Управата не откри повеќе детали за самиот инцидент.

Во соопштението дури не се наведува дали станува збор за пиратски напад, пренесе АП.

Управата вчера објави и дека истражува друг инцидент во истата област, но не се објавени повеќе детали за тој напад.

Оманските власти, пак, не ги потврдија извештаите за инцидентот, а официјалните лица не одговорија на барањата на медиуми за коментар.

Слични содржини