Д-р Кон: Активноста на вирусот е во пораст, ќе видиме какви последици ќе има враќањето на нашите туристи

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, д -р Предраг Кон, денеска изјави дека има зголемување на активноста на вирусот, како и дека очекуваме зголемување на бројот на новозаразени, за време на и следната недела.

Тој додаде дека британскиот сој се уште е доминантен во Србија, но дека присуството на делта-сојот се испитува на одреден примерок од нови случаи. Кон посочи дека третата доза од вакцината треба да се даде на луѓе чиј имунитет е значително ослабен поради други болести.

– Не можеме со сигурност да знаеме какви ќе бидат последиците за враќањето и смената на нашите туристи и колку ќе биде внесен вирусот во време кога вирусот инаку е многу активен, каде што можеме да очекуваме дека ќе дојде до забрзување – рече Кон.

Тој посочи дека е јасно дека активноста на вирусот се зголемува.

Кон изјави дека британскиот вид на вирусот се уште е доминантен во Србија и истакна дека не е испитан кај сите за која варијанта на вирусот станува збор.

– Го испитуваме присуството на делта во примероци. Тоа ќе продолжи да се прави. Во одредени ковид-болници, се одредува во примерок, одреден број, во колку проценти е присутна делтата – рече Кон.

Слични содржини