214
Демократскиот сојуз на сите Македонци и граѓаните од другите етнички заедници им го честита ИЛИНДЕН, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ И НЕПОКОР.
„Денес, сите граѓани на Македонија, да испратиме громогласна порака за единство за сплотеност и за почитување на различностите. Никој нема право да нè дели и на темелите на Македонската државност да печали политички поени.
Денес оддаваме почит на Ииинденците, на партизаните и на сите што се бореле за самостојна и независна Македонија.
Денес е најсветлиот ден на Македонскиот народ и затоа имаме аманет од постарите генерации, да ја чуваме, градиме и развиваме Македонија“, истакнуваат од партијата на Павле Трајанов.