ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на одговорноста да ја води државата ќе ја врати прославата за Илинден на Мечкин Камен, изјави потпретседателот на партијата, Александар Николоски.
Мечкин Камен, местото каде што славните војводи херојски загинаа за слобода на Македонија. Тука сме да оддадеме почит на нивната саможртва и херојската смрт. Денес сликата на Мечкин Камен беше тажна, без народ и за прв пат после 80 години без прослава. Срамен потег на власта! Власта избега од народот. Избега од Мечкин Камен. Ние од ВМРО-ДПМНЕ сме тука да оддадеме почит на хероите, стои во објавата на Николоски.
За тоа, додаде тој, денес Мечкин Камен е празен.
„Затоа власта бега од народот и за тоа измислуваат некакви си прослави кои што треба да се случат навечер без пригодни говори со некаква музичка манифестација и во некакви кралски манири каде што сите треба да чекорат позади еден“, рече Николоски.
Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со таквиот став на претседателот Пендаровски.
„Илинден е најголемиот македонски празник и прославата наредната година после промената на власта ќе биде масовна, како што доликува со десетици и стотици илјади македонци и граѓани на Македонија“, напиша Николоски на социјалните мрежи.