Под мотото „БИДИ ХЕРОЈ, ИЗЛЕЗИ И ИЗБОРИ СЕ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ“, Македонска перспектива за локален и регионален развој Менуваме повика на марш од Влада до Собрание на 9 август.
„Бараме поддршка од вас за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост. Се надеваме на поголема инволвираност од Ваша страна како систем, бидејки според сите Конвенции, ЕКЧП, прашањето на попреченоста е и политичко прашање“, велат во повикот од Коалицијата.