Градот бара трпение од граѓаните додека реконструираат улици

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Градот Скопје упати благодарност до граѓаните кои имаат разбирање и трпение кое е неопходно за во исто време да се реконструираат толку голем број улици и булевари во различни општини.

„Екипите коишто работат на реконструкциите се трудат да ги изведуваат брзо, во рекордно кратки рокови, со внимателно планирање на привремените сообраќајни режими за да се обезбеди оптимална брзина и безбедност за сите учесници во сообраќајот“, велат од Градот.

Во текот на есенската градежна офанзива на Град Скопје, пред крајот на 2020 година, беа обновени многубројни сообраќајници во повеќе скопски општини, со посебен акцент на реконструкцијата на источниот влез во градот, додаваат оттаму.

Слични содржини