Вакцината Спутник Лајт покажува висока ефикасност во комбинација со вакцините АстраЗенека, Синофарм и Модерна во Аргентина, објави прес -службата на Рускиот фонд за директни инвестиции.
„Податоците од Министерството за здравство во Буенос Аирес покажуваат дека комбинираната употреба на Спутник Лајт со други вакцини и вакцинација со само две дози Спутник Лајт е безбедна – нема сериозни несакани ефекти поврзани со вакцинацијата. Сите комбинации што се користеа за време на студијата се безбедни“, се наведува во соопштението, објави „Спутник“.
Во моментов, во провинцијата Буенос Аирес, беа анализирани податоците добиени по вакцинирањето на 121 волонтер кои ги примија следните комбинации на вакцини: Спутник Лајт и АстраЗенека, потоа Спутник Лајт и Модерна, Спутник Лајт и Синофарм, како и Спутник Лајт во комбинација со Спутник.