НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА НА УЛИЦИТЕ НА САН ФРАНЦИСКО: Жена со калашников во рака во автомобил во движење

од Vladimir Zorba
442 прегледи

Неверојатна сцена е снимена на улиците на Сан Франциско. Имено, една жена беше фотографирана како излегла до половина низ прозорецот на автомобилот додека држи, како што изгледа, АК-47, попознат како Калашников.

Полициската управа во Сан Франциско објави фотографија од жена на совозачко седиште во автомобил во движење, со пушка во рацете.

Полицијата соопшти дека е запленет кадилакот во кој се возела, но не соопштуваат детали што се случило со патниците.

Не е познато дали жената или лицето зад воланот се уапсени, или се соочуваат со обвинение во врска со инцидентот.

Како што можете да претпоставите, фотографијата привлече големо внимание на социјалните мрежи.