Писмо со три куршуми упатени до папата Фрациск пронашле вработените во центарот за сортирање во близина на Милано, објави весникот „Кориера дела сера“.
Пликот, исто така, содржел порака за финансиските операции на Ватикан.
Писмото е одземено од карабиниерите, полицијата започна истрага.
Според агенцијата АНСА, писмото е испратено од Франција.