Пациентка на возраст од 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во ковид – центарот во Тетово поради утврдено присуство на коронавирус. Таа имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови, информираше денеска координаторот во ковид – центарот д-р Гзим Нуредини.
– Триесет и едногодишната жена имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија. Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти. Од нив 40 се на кислородна поддршка, информираше за МИА, Нуредини.