Измамен пехчевец останал без 70 илјади денари

од Берта Китинска
393 прегледи

На 12.08.2021, 39 – годишно лице од пехчевско има пријавено измама по која останал без 70.000 денари. Измамата настанала откако по претходен телефонски повик, оштетениот се согласил да купи јачмен од друго лице, а парите ги пратил по таксист од Виница. По предавањето на парите, 39- годишниот жител на Пехчевско пробал да го добие лицето на телефон, но истото било недостапно, се вели во сооопштението од полицијата.

Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини