281
СДСМ е апсолутен фаворит и победник на локалите избори. Ние сме прва партија во земјава која што уште на 17 јули ги објави првите 30 кандидати за градоначалници, а пред 1 недела објавивме уште 5 кандидати за грдоначалници, што значи досега имаме утвредени 35 кандидати за градоначалници, изјави денеска Стефан Васев од СДСМ на новинарско прашање.
„Очекуваме до крајот на месец август да ги објавиме и останатите кандидати. Додека од друга страна гледаме во ВМРО ДПМНЕ се уште се мачат да утврдат кандидати, затоа што добро знаат во белиот дворец дека ги очекува пораз на овие локални избори и од тој пораз бегање нема, затоа неможат да најдат кандидати“, истакнува тој.