Рама: Косово треба да ги прифати Авганистанците доколку тоа го побараат САД

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Косово треба да одговори позитивно на прифаќањето на Авганистанците доколку тоа го побараат САД, смета албанскиот премиер Еди Рама.

– Не знам дали Американците побараа од Косово да ги тргне Авганистанците кои се изложени (пред талибанците) како пријатели и поддржувачи на сојузничките војски. Би сакал, ако е така, Владата на Косово да даде позитивен одговор, од својата чест и на Косово, се разбира – наведе Рама на Фејсбук.

Тој додаде дека на самитот на НАТО, тој самиот изразил загриженост за безбедноста на авганистанските соработници на Алијансата по нејзиното повлекување од Авганистан.

Слични содржини