Рама го прифати барањето на САД, Албанија транзитна земја за бегалците од Авганистан

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Албанија е подготвена привремено да преземе бегалци од Авганистан, изјави премиерот Еди Рама.

Рама изјави дека Албанија го прифати барањето на САД привремено да ги преземе авганистанските бегалци кои бараат виза за Америка.

Тој наведе дека американската администрација неодамна побарала од Албанија да процени дали може да биде транзитна земја за голем број бегалци од Авганистан, чија крајна дестинација се САД.

„Нема да кажеме не, не само затоа што нашите големи сојузници го бараат тоа од нас, туку затоа што ние сме Албанија“, напиша Рама на Фејсбук.

Слични содржини