РСЕ: Косово ќе прифати илјадници Авганистанци кои бегаат од Талибанците

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Косовската влада, предводена од Албин Курти, соработувала со американските власти од средината на јули за да ги разгледа опциите за сместување на Авганистанците кои соработувале со Соединетите држави. Во изјава за „Радио Слободна Европа“ (РСЕ), Хуан Даљипи, шеф на Кабинетот на премиерот на Косово, рече дека овие преговори „добро ќе завршат“.

„Има многу логистичко-техничка, безбедносна и социјална работа, дејствуваме внимателно. САД се наш сојузник и стратешки партнер“, рече Даљипи.

Се огласи и претседателката на Косово, Вјоса Османи, која наведе дека била контактирана од американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, кој ѝ го пренел барањето на претседателот Џо Бајден, Косово привремено да ги прифати авганистанските цивили. Таа истакна дека Косово го прифатило тоа „без никакво двоумење и без никакви услови“.

Слични содржини