Авиокомпаниите го избегнуваат авганистанскиот воздушен простор

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Поголемите авиокомпании ги пренасочуваат своите летови за да избегнат авганистански воздушен простор откако Талибанците ја презедоа контролата врз претседателската палата во Кабул.

Компаниите „United Airlines“, „British Airways“ и  „Virgin Atlantic“ соопштија дека повеќе не го користат воздушниот простор на Авганистан.

„United Airlines“ соопшти дека промената ќе влијае на неколку летови од САД до Индија.

Во изминатите неколку години, авиокомпаниите и администрациите посветуваа многу повеќе внимание на ризиците од летање над конфликтните зони по падот на два патнички авиони погодени од проектили земја-воздух.

Авион на „Malesia Airlinesa“ беше соборен над источна Украина во 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, а украинскиот „International Airlines“ беше погоден со проектил истрелан од иранската војска во 2020 година, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Слични содржини