387
Талибанците утрово прогласија амнестија за сите државни службеници, повикувајќи ги да се вратат на работа, два дена по преземањето на власта во Авганистан.
– Прогласена е општа амнестија за сите, треба да го продолжите својот начин на живот со целосна доверба – се наведува во соопштението на Талибанците.
Хаос владееше во Авганистан, бидејќи Талибанците окупираа делови од земјата во последните денови и влегоа во Кабул викендов, додека САД се обидуваа да ги повлечат своите сили, дипломати, сојузници и Авганистанци кои работеа со коалицијата 20 години.