Талибанците го зазедоа Кабул во неделата, со што всушност ја преземаа целосната контрола врз Авганистан. Кабул падна во рацете на Талибанците без голем отпор од владините сили, па затоа беа воспоставени контролни пунктови и улични патроли.
Но, еден дел од Талибанците имаа време да се релаксираат после „работа“.
Имено, снимките што кружат по социјалните мрежи покажуваат вооружени Талибанци како се релаксираат во забавниот парк во Кабул.
Видеото објавено од францускиот весник „Медиавенир“ покажува како Талибанците се возат на рингишпил.
Покрај тоа, Талибанците секојдневно уживаат во луксузот на спортски сали и го искористија времето за физичка активност.
Видеото, кое се појави на социјалните мрежи, покажува неколку талибански борци во салата кои се обидуваат да користат што е можно повеќе уреди.