Саливан: Очекувавме Талибанците да го преземат Авганистан, но не толку брзо

од Vladimir Zorba
283 прегледи

По синоќешниот говор одржан пред американската нација и светот од страна на американскиот претседател Џо Бајден, советникот за национална безбедност Џејк Саливан денеска се обрати пред новинарите.

За разлика од неговиот шеф, Саливан беше подготвен за новинарски прашања во врска со најважната светска тема – Авганистан. Отворајќи го обраќањето во прес-салата на Белата куќа, Саливан рече дека претседателот имал редовни состаноци со воените лидери во врска со настаните на аеродромот Кабул и дека аеродромот е целосно отворен за летови.

По ова, Бајден исто така имал состанок со тимот за национална безбедност за да разговара за најважните прашања поврзани со евакуација, специјални визи и антитерористички активности на аеродромот.

„Нашиот тим сега го обезбеди аеродромот и сега нашите граѓани, авганистански државјани, државјани на трети земји и партнери се безбедно изнесени од земјата. Продолжуваме да работиме на ова во наредните денови, ние сме во контакт со Талибанците за да обезбедиме безбеден премин за луѓето кои сакаат да стигнат до аеродромот“, рече Саливен.

Советникот за национална безбедност рече дека претседателот, исто така, треба да размисли за алтернативни начини за заштита на граѓаните и животите, и ги отфрли критиките од оние кои рекоа дека 2.500 војници можат да го сочуваат мирот. Според Белата куќа во тоа време, ниту тој број ниту кој било друг би ги спречил американските војници повторно да се вклучат во борбени активности.

„Кога ќе ја завршите војната по 20 години, не можете да направите сe, но размислувавме за повеќе елементи и се подготвувавме со месеци. Претседателот намерно планираше присуство на одредени баталјони во Кабул и во САД, кои сега се на терен“, рече Саливен.

Тој нагласи дека САД ќе ја следат ситуацијата со тероризмот и заканите во Авганистан или на друго место во светот.

„Претседателот ја презема одговорноста за секоја одлука донесена од американската влада и затоа рече дека конечната одлука зависи од него. Исто така, јас и моите колеги во Советот за национална безбедност ја преземаме одговорноста за сите одлуки што ги донесуваме“, рече Саливен одговарајќи на новинарско прашање.

Советникот за национална безбедност рече дека САД се згрозени од сегашните и можните прекршувања на човековите права и дека ќе соработуваат со меѓународните партнери за да го спречат тоа и дека претседателот не сака да дозволи повторно да се загубат американски животи и побара други решенија.

„Запомнете дека рековме уште во 2011 година дека ќе го напуштиме Авганистан во 2014 година и останавме таму со години да дејствуваме, ги намаливме активностите на Ал Каеда и го убивме Осама бин Ладен“, рече Саливен.

Запрашан од новинарите, Саливен рече дека САД очекуваат преземање на Авганистан од Талибанците, но не очекуваат тоа да се случи толку брзо и дека плановите се развиваат соодветно, но дека сега треба да се справат со последиците што ги имаат особено во однос на евакуациите.

„Не гледам дека може да има каква било врска помеѓу Талибанците и т.н „Исламскa државa, но мислам дека треба да ја следиме ситуацијата и да видиме дали Талибанците ќе ги исполнат своите обврски и не сакам да кажам што може да се случи во одредена временска рамка“, рече Саливен.

Саливен рече дека засега договорот за безбедно преминување на цивили на аеродромот важи до 31 август, но дека не може конкретно да зборува за тоа дали може да продолжи во наредниот период или не. Исто така, Белата куќа рече дека Јужна Кореја и Европа не треба да се грижат дека армијата стационирана таму ќе биде повлечена во одреден момент и дека САД силно ќе останат со своите партнери.

Слични содржини