„Замислете – 42 милијарди долари годишно во Авганистан, а Русија троши 50 милијарди за целата армија“

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги спореди годишните трошоци на Соединетите Американски Држави за операцијата во Авганистан со рускиот воен буџет.

„Трошевме 42 милијарди долари годишно. Замислете, 42 милијарди. Колку што разбрав, Русија троши 50 милијарди годишно за целата армија, а ние 42 милијарди“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Тој нагласи дека тоа се случувало од година во година и за возврат не донело ништо за САД.

Трамп додаде дека американските борбени хеликоптери што беа предадени на авганистанската армија, сега ќе ги проучува Русија.

„Милијарди и милијарди долари. Најновите хеликоптери Блек Хок, кои сега ќе ги проучуваат Русија, Кина и некој друг, бидејќи тоа е најдобрата технологија во светот“, рече Трамп.

Поранешниот американски претседател посочи дека е огорчен што САД не уништиле воена опрема пред да го напуштат Авганистан, а сега таа е во рацете на талибанското движење, пренесе Спутник.

Додаде дека смета дека повлекувањето на војниците од Авганистан под водство на актуелниот претседател Џо Бајден е најголемото понижување за САД.

Слични содржини